ДОПИНГ ИСТРАГА: Каква таблета голтнал бекот на Ајнтрахт?

во категоријата Спорт

Изненадувачка посета на допинг контрола во редовите на Ајтнрахт Франкфурт, а поточно нивна цел бил австрискиот репрезентативец Мартин Хинтерегер, пренесува угледниот германски „Билд“. Имено дефанзивецот на Ајнтрахт во дуелот со Хофенхајм го постигна единствениот гол на мечот во 37 секунда, а во 75. минута се пожалил на болки, но голтнал таблетка и продолжил да игра. Тоа било забележано и на снимката. Во консултација со лекарскиот тим, Хинтерегер зема таблетка пред тренерот Ади Хитер и ја голта. Е сега за каква таблетка се работи и дали е таблетка? Националната допинг агенција (НАДА) тргна во истражување на овој случај.

 

Ајнтрахт негира дека фудбалерот зел забранета супстанција која е на црниот список на анто-допинг агенцијата.

Се крева прашина за ништо. Хинтерегер имаше грчеви и се ослободуваше од проблемот со боцкање со игла (акупунктура).  Потоа доби карбохидрат и магнезиум што е нормално во ваков случај“, велат од клубот.

Ова не е првпат Ајнтрахт да биде цел на анти-допинг агенцијата. Во 2016 година кај Марко Ројс биле најдени траги од забранетата супстанција хориоганодотропин, за која подоцна беше докажано дека ја лачело телото како резултат на болест. Истата година соиграчот Енис Бен-Хатира постирал фотографија на чија позадина имало шишенце од лекот липоталон кој го содржи забранетата супстанција дексаметазон. Сепак, неговите допинг тестови биле позитивни.

Извор: https://sportmedia.mk/