Договор за финансиска поддршка за реконструкција на центарот за помош „Порака“

во категоријата Македонија

Договор за финансиска поддршка за реконструкција и подобрување на енергетската ефикасност на објектите за живот на 20 корисниците на Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака Неготино“ денеска во Скопје потпишаа фондацијата „Saint-Gobain“ и Хабитат Македонија.

Во рамки на проектот „Saint-Gobain“ ќе донира 37.500 евра, а Хабитат Македонија 14.000 евра, средства кои ќе бидат наменети за реконструкција, поставување на енергетски ефикасна фасада, внатрешни поправки и целосно подигање на животните услови во две куќи во кои престојуваат лица со ментален хендикеп кои се деинституционализирани.

Порака – Неготино, во рамки на проектот ќе добие и печатач за текстил и керамика со цел да се поддржи работната терапија и економските активности на 43 корисници, за да можат да продуцираат сопствени средства за поддршка на интегрираното живеење.

Извор: https://tv21.tv/