Динамо Загреб ја заокружи 20-тата шампионска титула (ВИДЕО)

во категоријата Спорт

Она што се очекуваше сега доби и официјална потврда. Динамо Загреб и математички ја обезбеди шампионската титула во Хрватска, инаку 20-та во историјата, а тоа го направи вечерва во Копривница. „Модрите“ го победија Славен Белупо со 1:0 со голот на Амир Гојак уште во првото полувреме и со тоа ставија печат на првенството. Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го пропушти денешниот натпревар (остана на клупата), а за него ова е осма шампионска титула со „модрите“.

По 30 кола, Динамо има 79 бода, додека нивниот најблизок конкурент Ријека има 56. До крајот на првенството има уште шест кола.

Извор: https://sportmedia.mk/