Де Лаурентис потврди: „Елмас оваа недела доаѓа во Наполи“

во категоријата Спорт

Готово е! Елиф Елмас ќе биде нов член на Наполи, откако ова го потврди и претседателот на клубот Аурелио Де Лаурентис.

Тој во интервју за една телевизија во Италија прашан дали е вистина дека Марко Рог ќе го напушти тимот и дека ќе дојде Елмас од Фенербахче, одговори:

„Тоа е вистина“!

Со тоа ќе биде ставен крај на сагата на Елмас кој беше посакуван од многу клубови. Де Лаурентис исто така истакна дека тимот е во потрага по расен голгетер.

Сумата за која ќе се пресели изнесува 16 милиони евра.

Де Лаурентис исто така потврди и за интересот за Џемјс Родригез.

„Искрено, тие не сакаат да ни го дадат Родригез. Но сите карти и натаму се на маса“, рече првиот човек на Наполи.

Извор: https://sportmedia.mk/