„ДЕЈЛИ МЕИЛ“ ТВРДИ: Де Хеа прифатил нов, рекорден, договор со Манчестер Ј.

во категоријата Спорт

Британски „Дејли Меил“ вечерва објави вест дека Манчестер јунајтед конечно успеал да го убеди шпанскиот голман Давид Де Хеа да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“. Според новинарот на весникот, станува збор за нов долгорочен договор кој ќе го направи најплатениот фудбалер во англискиот прволигаш.

Подобрениот петгодишен договор на Де Хеа вреди над 15 милиони евра нето по сезона. Договорот кој вклучува и незадолжителна петта година ќе ја заврши сагата околу иднината на еден од најдобрите голмано ви светов во моментов. 

Извор: https://sportmedia.mk/