Денеска се гласаше во дијаспората, во затворите и во домовите на болните и изнемоштени граѓани

во категоријата Македонија

Затворени во ќелија, но со надеж за светла иднина, денес гласаа затворениците во затворот “Идризово”. Со картичките за идентификација на казнено-поправната установа затворениците го искористија демократското право на глас на претседателските избори. Тие за Алсат изразија оптимизам дека идниот шеф на државата ќе ги има во предвид нивните потреби и барања.

„Гласањето да биде фер, да помине без инциденти Д а гласаме, кој и да стане претседател, да мисли на нас како што мислиме ние за нив, бидејќи без народот нема ништо“, вели Џезира Максути, затвореник.

Од 1.160 затвореници колку што има во моментов во Идризово, право на глас имаат 817 од нив од кои до пладне правото на глас го искористија една третина. Според властите, 256 други затвореници немаат право на глас. Некои немаат државјанство, некои не се вклучени во избирачките списоци, а други се странски државјани.

Според директорот на затворот, право на глас немаат некои затвореници кои почнале да ја издржуваат казната по затворањето на Избирачкиот список, а кои сè уште се водат на адресата каде што живееле, а не на адреса на затворот. На 150 други им издале лични карти.

Според претседателот на Изборната комисија во затворот Идризово, избирачкото место 2536 било отворено на време, а прво гласале 50 затворенички.

Според внатрешните процедури, веднаш по гласањето, под надзор на затворската полиција, затворениците се враќаа во своите ќелии. Во најголемиот државен затвор каде се лежи за тешки кривични дела има и гласачи кои се осудени на доживотен затвор.

Аднан Ќаили

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/