Денеска рочиште за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

во категоријата Македонија

Судењето за предметот „Талир“ на Социјалното јавно обвинителство, што се однесува на незаконското финансирање на партијата ВМРО ДПМНЕ треба да продолжи денес во Кривичниот суд во Скопје. Во него се обвинети екс-премиерот Никола Груевски, поранешниот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“. Покрај нив, на обвинително столче, се и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска, обвинети за делото „перење пари“. За истото дело, како правен субјект опфатена е и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/