Денеска во СДСМ ќе пристигне првата пријава за претседател на државата

во категоријата Македонија

Поранешниот амбасадор на Македонија, Ѓорѓи Филипов, денеска ќе се пријави на отворениот повик на СДСМ за избор на претседателски кандидат.

Тој досега неколку пати бил амбасадор на Македонија во различни земји, меѓу кои и Берлин, Виена, Јапонија и Словачка.

Конечната одлука кој ќе биде кандидат на владејачката СДСМ, партијата ќе ја донесе на Конгресот кој ќе заседава на 3. март.

Пријавата на Филипов е прва откако е отворен јавниот повик од партијата.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/