Делегација на аудиенција кај Папата Франциск, Џафери му подари склуптура од Св. Кирил и Методиј

во категоријата Македонија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на аудиенцијата кај Папата Франциск во Ватикан, испрати пораки дека граѓаните на Македонија биле дел од европската цивилизација.

По ова, Џафери се сретна и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин во Базиликата „Санта Марија Маџоре“

Инаку, во Рим уште од 1960 година традиционално се одбележува празникот со посета на државна делегација од Македонија, која се поклони пред гробот на сесловенскиот просветител Св. Кирил во црквата „Свети Клементе“.

„Покрај македонската делегација на чело со собранискиот спикер, на церемонијата организирана од Папата Франциск присуствуваа и претставници на Владата предвоени од Кочо Анѓушев, потоа на Македонската православна црква, Министерството за култура и претставници на Комисијата за меѓуверски односи. За ТВ21, од Рим Зимер Јашари“, вели репортерот на ТВ21 од Рим, Зимер Јашари.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: https://tv21.tv/