Двајцата премиери за заканите од опозицијата: Договорот има цврсти темели и ќе донесе само бенефит

во категоријата Регион

Грчката опозиција се заканува дека ќе го поништи договорот од Преспа кога ќе дојде на власт. Нешто слично е и со опозицијата во нашата земја. Вчера кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска, истакна дека Договорот не подлежи на меѓународното право, и дека доколку стане претседател ќе го заштити името да не може да се менува. Исто така има јасни сигнали на поништување на договорот, при евентуално доаѓање на власт.

Двајцата премиери одговорија на ова прашање од новинарите од Грција.

„Кај нас во Грција лидерот на опозицијата, и покрај неговото противење на Договорот, сепак, се согласи дека нема да прашува за Договорот во иднина. Јас не сум тука да се мешам во вашата внатрешна политика. Прво договорот е ратификуван од парламентите на двете земји, и се обврзувачки за двете земји. Тој може да се поништи само доколку граѓаните одлучат дека тој договор не им е од корист. Како ќе минува времето јас верувам дека граѓаните на двете земји ќе сватат дека имаат многу корист. Со овој договор инвестираме во иднината“, изјави Ципрас.

Заев истакна дека не верува дека опозицијата ќе го поништи договорот при евентуално доаѓање на власт.

„Убеден сум дека Договорот ќе донесе поубава иднина за сите нас. Опозицијата некогаш ќе стане власт, но се надевам дека тоа ќе биде подалеку. Верувам дека тоа што е направено, ќе сака да го сочува. Еве да прашам, дали опозицијата ќе се откаже од НАТО? Ќе престане да одговора по прашањето за членство во ЕУ? Не верувам во тоа“, рече Заев.

— – (-) –

Извор: https://tv21.tv/mk