Дајте му ги на Facebook вашите податоци и тој ќе ви плати

во категоријата Технологија

Facebook сe подготвува да почне да им плаќа на своите корисници што ќе ѝ дозволат на оваа социјална мрежа да го следи нивното користење на телефоните.

За тоа ќе биде задолжена новата апликација „Стади“ („Study“) што ќе го следи инсталирањето на сите останати апликации на телефонот на корисникот, времето што корисникот го поминува во користење на апликациите, земјата во која се наоѓа корисникот, како и дополнителни податоци за апликациите што би можеле да откријат кои специфични можности се користат.

Facebook тврди дека нема да има увид во специфичната содржина како што се пораките, шифрите и интернет страниците што корисниците ги посетуваат.

Апликацијата се појави неколку месеци откако претходната апликација за следење на корисниците „Фејсбук Рисрч“, беше исклучена поради контроверзии. Апликацијата беше промовирана меѓу тинејџери, а на ајфон се потпираше на посебен сертификат што овоможуваше апликацијата да има подлабок пристап во телефонот и на тој начин да ги прекрши правилата на Apple. Затоа во јануари беше укината.

Лансирањето на апликацијата „Стади“ покажува дека Facebook смета дека му се потребни податоци за тоа како луѓето користат мобилни телефони, како и тоа дека компанијата нешто научила од претходните контроверзни ситуации. Апликацијата ќе биде достапна за луѓе постари од 18 години и тоа само за уреди со „Андроид“. Секој корисник ќе може да одобри подлабок пристап, а таа ќе прикажува низа информации што ќе покажуваат кои податоци се собираат и како тие ќе бидат користени.

Возраста на корисникот ќе биде проверена со помош на нивниот профил на Facebook, а сите учесници ќе мораат да имаат „Пејпал“ сметка за да бидат платени. За добивање на оваа сметка личноста мора да биде постара од 18 години.

Колку Facebook ќе им плаќа на корисниците засега не е познато. Апликацијата на почетокот ќе биде достапна во САД и Индија, и тоа само за корисници што ќе добијат покана.

Извор: B92.net

ИЗВОР: https://usb.mk