Давид Силва пресече: Си заминувам од Манчестер Сити на крајот од договорот

во категоријата Спорт

Давид Силва објави дека ќе си замине од Манчестер Сити по завршувањето на договорот, односно во лето 2020 година. Тој има уште една година од соработката, но нема намера истата да ја продолжи.

Силва од 2010 година е „граѓанин“ откако дојде од Валенсија. Стана и капитен на тимот, и еден од незаменливите во овие години, во кои Сити владешее во Премиер-лигата, и речиси секоја сезона играше во Лигата на шампионите.

Најверојатно Силва ќе се врати во Валенсија каде што ќе ја заврши кариерата. Тој се прости од играње за репрезентацијата минатата година, по Мундијалот во Русија.

Извор: https://sportmedia.mk/