ГФК Осогово се врати во Втората лига!

во категоријата Спорт

ГФК Осогово официјално се пласира во Втората македонска лига откако одигра реми 1:1 во Свети Николе против Овче Поле во рамките на 24.коло во Третата лига-Исток. Со тоа на три кола пред крајот Осогово има недостижна предност во однос на најголемиот конкурент од Свети Николе и од идната сезона ќе го гледаме во Втората лига – Исток. Осогово има 50 бодови, додека Овче Поле 44 но и меч повеќе.

Осогово до крајот на првенството ќе игра уште со Малеш, Работник и Брегалница Делчево по што следува „распуст“ и кроење на планови за добар настап во повисокиот ранг идната сезона.

 

Извор: https://sportmedia.mk/