Гром удри во Акропол и повреди четири лица

во категоријата Регион

Во серијата на грмотевици кои се случиле попладнево во Атина, молња го погоди споменикот Акропол, при што повредени се четири лица, соопшти Министерството за култура на Грција.

Громот погодил во кабината каде што се продаваат билети, и повредил двајца вработени во Министерството за култура, и двајца туристи кои веднаш биле пренесени во болница и имале исекотини, и биле веднаш пуштени. Вработените ќе останат во болница до утре.

Министерството објави дека не се предизвикани никакви оштетувања на ниту еден од древните споменици во Атина.

Извор: https://tv21.tv/mk