„Градски паркинг“ со важно известување за корисниците на јавните паркиралишта

1 min read

Согласно важечките законски прописи во Република Македонија, сопствениците на возила се должни да извршат промена на регистарските таблички со ознака МК со нова НМК (NMK). Промените на старите регистарски таблички со нови, треба да се изврши најдоцна до 12.02.2024.

Поради тоа, ЈП „Градски паркинг“- Скопје ги известува своите корисници на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање- зонско, од категориите: станар, вработен, правно лице и физичко лице, дека по направените промени на регистарските таблички, имаат обврска да извршат ажурирање на податоци и кај нив.

-Ажурирањето на податоците се врши со пополнување на образецот „Пријава- одјава“, при што се доставува и сообраќајната од возилото на увид, велат од претпријатието.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Судири на париските улици: За време на протестите приведени околу 200 луѓе

Следно

Кинескиот претседател следната недела во тридневна посета на Москва

Latest from Blog