ГП КАНАДА: Хамилтон победи откако Фетел беше казнет од судиите. Погледнете што направи Германецот (видео)

во категоријата Спорт

Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Канада откако најголемиот ривал Себастијан Фетел беше казнет со пет секунди. Десет круга пред крајот Фетел беше казнет од судиите поради опасно излегување на патеката токму пред конкурентот Хамилтон, па така Себастијан немаше никаква шанса да победи дури и да завршеше на првото место затоа што Луис доцнеше една секунда.

По трката Фетел излезе од болидот и одби да отиде на подиумот каде се делат наградите, туку отиде кај болидите и ги смени знаците 1 и 2. Бројот 2 го премести на болидот на Хамилтон, а единицата си ја стави кај својот болид.

 

 

 

Извор: https://sportmedia.mk/