„Господ постои името и е Петрунија“ на Берлинале

во категоријата Култура

„Господ постои името и е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска ќе учествува во официјалната натрпеварувачка програма на престижниот Берлински филмски фестивал.

Ова е прво учество на Македонија во главна конкуренција на реномираниот филмски фестивал.

Филмот, во сѐ уште незавршена форма, бил прикажан на комисијата во Берлин, на 3 декември, а на 11 декември, тимот доби покана од Берлиенале.

„Господ постои, името ѝ е Петрунија“  раскажува за млада невработена девојка од Штип која на Водици решава да се фрли по крстот. Но, кога успева да го фати, почнуваат и нејзините проблеми затоа што е жена.

Филмот беше сниман во февруари и март минатата година , а постпродукцијата е работена во Франција, Белгија и во Словенија. Главната улога ја игра Зорица Нушева.

 

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/kultura/