Гол шоу на Дибала во Торино, Силва донесе победа за „граѓаните“ (Видео)

во категоријата Спорт

dibala

Фудбалерите на Јувентус и Манчестер Сити ја оправдаа улогата на фаворити и издвојуваа победи над Јанг Бојс, односно Хофенхајм на денешните први мечеви од втората рунда во Лигата на шампиони.

Италијанскиот шампион без никави проблеми го реши швајцарскиот претставник победувајќи со 3-0. Главниот збор го имаше аргентинскиот ас Пауло Дибало кој на оваа средба постигна хет-трик. Тој стрелаше во 5, 33 и 69 минута со што стана четвртиот Аргентинец кој успеал да постигне три голови на една средба во најквалитетното европско натпреварување.

Од овој дуел исто вреди да се одбележи дека гостите го доиграа со 10 играчи и тоа благодарение на Камара кој во 78 минути по втор пат пожолте и со тоа беше испратен во соблекувалната.

Во Германија, Манчестер Сити со доста мака дојде до целиот плен против Хофенхајм. Бундеслигашот поведе уште во 44 минута преку Белфодил што секако беше шок за избраниците на Пеп Гвардиола.

Меѓутоа англискиот шампион најде одговор, прво Агуеро во 8 минута израмни на 1-1 за да до следниот погодок се чека до самиот финиш. Имено се играше 87 минута кога Силва искористи една грешка во домашната одбрана и погоди на вистинско место за голема победа и први три бода на екипата во ЛШ.

Извор: https://derbi.mk/