Голф-кола без возач повреди петмина на УС Опен (ВИДЕО)

во категоријата Спорт

Немила и несекојдневна сцена се случи на голф-турнирот УС Опен на Пебл Бич.

Во голф-кола полна со картонски кутии со намирници за продавање во близина на дупката број 16, по излегувањето на возачот од возилото, една кутија се превртела и паднала директно на педалата за гас, по што возилото почнало да се движи.

Неконтролираното возило завршило во шокираната ублика повредувајќи пет лица, од кои две посериозно и тие морале да бидат префрлени во блиската болница.

 

Извор: https://sportmedia.mk/