Голман тинејџер почина од срцев удар откако одбрани пенал

во категоријата Спорт

Голманот тинејџер трагично почина на натпревар во Аргентина, во моментите кога тргнал да прослави одбранет пенал.

17-годишниот Рамон Исмаил Коронел, паднал на теренот пред да замине кон соиграчите и да го прослави одбранетиот пенал. Според информациите тој доживеал срцев удар. Навивачите на неговиот тим веднаш се обиделе да го пренесат во локалната болница ставајќи го во заден дел на пикап возило, бидејќи амбулантно возило на натпреварот немало. Рамон починал на патот кон болницата и напорите на лекарите да го вратат во живот биле безуспешни.

Трагедијата се случила во вторникот околу 21 часот во место во близина на градот Реконквиста во северниот дел на провинцијата Санта Фе.

Извор: https://sportmedia.mk/