Големо поевтинување на горивата, Регулаторна го објави новиот ценовник

во категоријата Економија

Од ноќеска на полноќ горивата на бензинските станици во земјава ќе поевтинат за 3, односно за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Според новиот ценовник, од утре бензинот „Супер 98“ поевтинува за три денари и ќе се продава по цена од 69,00 денари за литар, а исто толку се намалува и „Супер 95“ и ќе чини 66,50 денари. Цената на дизелот се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 60,00 денари за литар.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk