Гнев, разочараност и иронија на социјалните мрежи по сомневањата за вмешаност на Јанева во уцени на бизнисмени

во категоријата Македонија

Од безрезервна поддршка за време на нејзиното основање низ протестите на Шарената револуција и нејзината трансформација во симбол на борбата против криминалот, Специјалното обвинителство се најде во центарот на критиките од граѓаните.

По оставката на Катица Јанева и откако полицијата синоќа ù го одзема мобилниот телефон во рамките на истрагата дали евентуално комуницирала со Боки 13, реакциите на социјалните мрежи се бројни. Многу граѓани кои во минатото не ги соблекуваа маиците со натписот СЈО, сега се разочарани. Универзитетскиот професор и поранешен кандидат за претседател, Блерим Река, напиша дека целта за која Специјалното беше основано во 2015 година не е исполнета.

Блерим Река, Универзитетски професор:

„Целта на формирањето на Специјалното не е исполнета: За три години само еден затворен од 90 обвинети за 18 мега-коруптивни случаи. Специјалното претрпе пораз пред редовните судови. Само со Специјално обвинителство, без специјален суд, битката уште на почетокот беше изгубена. Неподдржано политички, бојкотирано од судството и на крајот со полициска рација за шефица; дури и најнесаканиот епилог на Пржинскиот договор ова не можеше да се очекува.“

Реакции и иронија и од уметниците. Актерот Сашо Тасевски, кој за време на актуалната власт беше и директор на Драмскиот театар во Скопје, на Фејсбук напиша дека на чело на СЈО е Орце Камчев, додека Боки 13 е министер за труд и социјална политика.

Сашо Тасевски, Актер:

„Груевски, директор на затворот Шутка, Муковски главен вратар во истоимениот затвор. Камчев, главен на СЈО, Мијалков, претседател на Врховен. Заев, министер за надворешни комуникации по телефон. Оливер Спасовски, Архиепископ Северномакедонски, Ахмети, министер за транспорт на опојни супстанци и дивоградби, Пендаровски, министер за љубовни односи. Боки 13, министер за социјала: Земам од богати, си давам на себе…“

Бидејќи во последните 24 часа името на Јанева и Боки 13 се споменуваат едно до друго, новинарот Бранко Героски, кој во јавноста ја откри целата афера е ироничен околу вестите објавени дека обвинителството како докази поседува видео материјал.

Бранко Героски, Новинар:

„Да, да, видео докази има… Цел долгометражен филм. За Оскар.“

Социјалните мрежи исто така се преполни со потсмев и од граѓани, како што се: “Чарли разбуди се, бидејќи ангелите ја оплескале работата “, “Од реално шоу, преку македонски Си Ен Ен за на крај да заврши во Шутка”, “Прада или правда”?

Еви Шкопи

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/