Гацов: За новиот данок потребни нови софтверски решенија

во категоријата Бизнис од

7 ноември 2018 / 22:40

Даночниот експерт, Павле Гацов, во денешната емисија „Економски Магазин“, на АЛСАТ-М, истакна дека воведувањето на прогресивниот данок би можело во значителна мерка да ги усложнува пресметките на данокот и обврските на даночниците ако Управата за јавни приходи не направи доволно сериозни надградби и модернизирања на софтверските системи.
„Се работи за системско решение. Бидејќи е системско и бара математика, во рамките на годишниот доход, па враќање на данок и тн. Треба добри софтвери. Мислам дека, иако тоа ќе е финансиски додаток, УЈП треба сериозно да се екипира во овој контекст“, предупредува Гацов.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/