Вучиќ: Горд сум на храброста на жените, му порачувам на народот да не се плаши

во категоријата Регион

По повод денешните протести во Белград пред градското собрание, каде беа повредени две жени кои жестоко им се спротивставија на демонстрантите, се огласи и претседателот Александар Вучиќ. Тој истакна дека е горд на храброста на жените, и им порача на граѓаните да не се плашат од заканите на Бошко Обрадовиќ, и дека за насилството и фашистичките идеи нема место во Србија.

-Ги повикувам граѓаните на Србија да не се плашат поради последниот фашистички напад на Бошко Обрадовиќ во градското собрание. Тие фашистички идеји нема да пројдат. Институциите ги повикувам да си ја работат својата работа – рече Вучиќ.

-Најубава слика се овие величествени жени кои застанаа во одбрана на својата земја и овие институции, и покажаа како се брани земјата од фашизам – додаде српскиот претседател.

— – (-) –

Извор: https://tv21.tv/mk