Втора лига – Исток 1.коло: Тиквеш тргнува од Гевгелија, Брегалница од Радовиш

во категоријата Спорт

Денеска во 17 часот, стартува фудбалското „лудило“ во Втората лига – Исток. Се очекува супер интересна сезона, во која две екипи се наметнуваат како најголеми кандидати за врвот на табелата. Тоа се Тиквеш, кој во дербито на колото ќе му гостува на силниот Кожуф, и Брегалница, која кај Плачковица ќе има нешто полесна задача.

Кит Го, еден од претендентите за висок пласман му гостува на Беласица, додека некогашниот двократен шампоин, кој падна на најниски гранки, тимот на Победа, ќе го дочека составот на Саса на теренот на Могила. И во петтиот дуел, тимот на Осогово, кој е вистинско освежување во Лигата, дома на „Никола Мантов“ ќе го нагости Питу Гули.

ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО- ДЕНЕСКА (17 ч.)

Прилеп: Победа – Саса

Струмица: Беласица – Кит Го

Гевгелија: Кожуф – Тиквеш

Радовиш: Плачковица – Брегалница

Кочани: Осогово – Питу Гули

Извор: https://sportmedia.mk/