Втора лига – Запад 1. коло: Пелистер под „Тумбе Кафе“ ќе го нагости Вардар, ама од Форино…

во категоријата Спорт

И второлигашкиот запад, денеска од 17 часот со мечевите од 1.коло ќе ја стартува нова 28.сезона. Нема дерби на стартот, но се очекува интересно да биде во Битола каде под „Тумбе Кафе“, Пелистер го дочекува Вардар, ама оној од Форино. Тим кој што е новак во оваа конкуренција.

Во Охрид гостува Влазерими, секако дека ќе биде неизвесно ако се знае дека и тимот на Охрид си има свои амбиции во оваа сезона. Гостивар пак ја дочекува Дрита, тим кој што се врати во Втората лига, но тим кој што пред неколку години играше и во елитата. Во Дебар пак гостува Скопје, Кораби најавува голема битка и поход кон трите бода.

И во последниот меч, тимот на Лабуништа му гостува на Кадино, екипа која оваа сезона како новајлија ќе игра во оваа Втора лига.

ДВОЈКИ ЗА  1.КОЛО – ДЕНЕСКА 17 ч.

Охрид: Охрид – Влазерими

Гостивар: Гостивар – Дрита

Дебар: Кораб – Скопје

Битола: Пелистер – Вардар Форино

Кадино (Скопје): Кадино – Лабуништа

Извор: https://sportmedia.mk/