Времето денеска: Oблачно и врнежливо

во категоријата Македонија

Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места, особено во јужните и источните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот ќе престануваат. Утринската температура ќе се движи од 1 до 10, а дневната од 4 до 16 степени. Во Скопје и околината слично време: Утринската температура ќе биде околу 8, а дневната ќе достигне до 15 степени.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/