Во Србија утре избори за Националните совети на малцинствата

во категоријата Регион од

3 ноември 2018 / 18:44

Лидерите на политичките партии во Прешевската долина истакнуваат дека Албанците се најдискриминираното малцинство во Србија. Тие ветуваат дека преку Албанскиот национален совет ќе ја подобрат состојбата на Албанците во образованието, културата, медиумите и употребата на националните симболи.
Потпретседателот на Партијата за демократско дејствување, Ардита Синани, чија партија раководи со Советот во првиот мандат, вели:
„Нашата постојана борба е за неменување на националното знаме, нешто за што секогаш претендирале институциите во Србија, на што и нашите политички противници, особено Алтернативата за промени и актуелниот градоначалник на општината, Шкиприм Арифи, претендираат за менување на знамето, барем така изјави. Ова е неприфатливо.“
На иста линија со Синани е и лидерот на ДПА, Рагми Мустафа. Тој вели дека со фанатизам треба да се брани националниот симбол во Прешевската долина.
„Ќе продолжиме да бидеме дел од Националниот совет за продолжување на отпорот во оваа област, да не ги дозволиме овие сквернавења, за да инсистираме уште повеќе за учебниците да бидат оригинални било од Албанија или од Косово, албанската култура да биде промовирана до крај, за повторно отворање на ТВ Прешево, но во одбраната на фанатизам, со најголема љубомора за националниот симбол, вели Мустафа.
Сами Салиху од ДР ДПА вели дека преку советот албанските партии ќе се обидат да ја спречат дискриминацијата од страна на српската држава.
„Имаме приоритет да го кренеме гласот заедно и со другите политички партии, така што Албанците еднаш засекогаш во овие четири области да не се дискриминирани како што се дискриминираат. Тука ќе бидеме координирани и со релевантниот политички фактор во официјална Приштина и официјална Тирана“, рече Салиху.
Партијата на градоначалникот на општина Прешево, Шкиприм Арифи, АЗП, става акцент на образованието.
„Овој пат ставен е посебен акцент на учебниците на албански јазик за нашите деца. Мотивација за нас беа токму децата. Односно во 2018 година се уште да нема учебници на албански јазик не е само дискриминација од Србија туку и срам за нас“, оцени Арифи.
Додека лидерите на партиите неефикасноста на Националниот совет ја префрлаат на српската влада, експертот Валон Арифи вината ја гледа кај самите партии.
„Мислам дека Прешевската долина бара решение. Решение кое може да се постигне и во соработка со Косово, но и со поголем активизам на активистите и интелектуалците од Прешевската долина во овој Национален совет за да бараат децентрализација на Србија. Албанците во долината сочинуваат 33 отсто од регионот на Пчиња, што значи дека треба да бидат вклучени во сите локални, владини и регионални институции во Србија“, рече Валон Арифи, експерт.
Албанскиот национален совет е институција формирана пред 8 години за остварување на правата на Албанците во Прешевската долина. Ист совет имаат и другите заедници кои живеат во Србија и тој е признаен од српската држава.
Анеса Салиху

Извор: http://www.alsat-m.tv/mk/