Во пожарот кај Охрид пеплосана голема површина трска, пожарникарите четири часа внимавале да не бидат зафатени и околните куќи

1 min read

Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид информираат дека освен трската, во пожарот биле опфатени и овоштарници, а поради силниот ветер постоела опасност да се загрозат и околните куќи

Голема површина трска е изгорена во пожарот што вчера попладне избувна во околината на Охрид.

Фото: ТППЕ Охрид

Ваквата информација ја соопштија од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид од каде што додаваат дека освен трската во пожарот биле опфатени и овоштарници, а поради силниот ветер постоела опасност да се загрозат и околните куќи.

„Од силниот ветер имаше реална опасност да се загрозат поблиските куќи кои се штитеа повеќе од четири часа“,

велат од Територијалната противпожарна единица од Охрид

„ТППЕ Охрид интервенираше на два пожари на отворен простор. Пожарот е ликвидиран од нашите екипи со помош на граѓани и членови на ДПД Ентузијаст Охрид-Дебрца“,

информираат од ТППЕ Охрид

Оттаму не посочуваат конкретно дали пожарот бил подметнат, но велат дека сторителите што ги подметнуваат пожарите мора да бидат санкционирани.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Шпански медиуми: Меси ќе ја освои наградата за најдобар фудбалер во 2022

Следно

Израелскиот претседател го осуди нападот на израелските доселеници во Наблус

Latest from Blog