Во Операцијата „Канџа-3“ во северен Ирак загинаа тројца турски војници

во категоријата Свет

АНКАРА (АА) – Тројца турски војници го загубија својот живот, додека седум војници се повредени во судирот што се случи меѓу турските војници и припадниците на сепаратистичката терористичка организација ПКК во рамките на операцијата „Канџа-3“, која е во тек во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, во судирот што се случил во северен Ирак животот го загубиле тројца турски војници, додека 7 војници биле повредени.

Се нагласува дека повредените војници биле пренесени во болница, а во тек се операциите во овој регион.

„Од Бога посакуваме милост за загинатите, за кои сме длабоко тажни, а упатуваме сочувство до семејствата на жртвите, до Турските вооружени сили и до турскиот народ“, се додава во соопштението на турското Министерство.



. (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: https://www.aa.com.tr/mk/