Во Лондон официјално објавен Huawei Mate 20 X (5G)

во категоријата Технологија

Минатиот месец веќе имавме прилика да видиме протечени рендери и hands-on видео за Huawei Mate 20 X (5G), а сега кинеската компанија на настан во Лондон официјално го објави телефонот.

Главната разлика меѓу двата уреда, освен тоа што новиот модел поддржува 5G, е и помалиот капацитет на батеријата. Претпоставка е дека ова било неопходно за да се задржат соодветните димензии, а истовремено да уфрли потребната технологија за 5G.

Mate 20 X (5G) има батерија од 4200mAh (наспроти 5000mAh, колку што има оригиналниот модел). Тука е и поддршката за 40W brzo punjenje, додека стандардниот модел има поддршка за полнење од 22.5W. Kirin 980 ја покренува 5G верзијата на телефонот, а спарен е со Balong 5000 модемот на Huawei. Mate 20 X (5G) поддржува M-Pen стајлус со 4096 нивоа на притисок.

Сите останати карактеристики остануваат идентични за двата Mate 20 X модела: систем со три камери, кои ги сочинуваат 40MP f/1.8 главна, 20MP f/2.2 ултраширока и 8MP f/2.4 со 5x оптички зум, 7.2-инчен дисплеј, како и Android 9 Pie со EMUI 9 интерфејс.

Huawei Mate 20 X (5G) ќе биде достапен од јуни во Велика Британија, по цена од 999 фунти.

 

ИЗВОР: https://usb.mk