Во Истанбул отворен Музејот на сеќавање на 15 јули

во категоријата Свет

ИСТАНБУЛ (AA) – Во рамките на одбележувањето на третата годишнина од предавничкиот обид за пуч од страна на терористичка организација ФЕТО, на босфорскиот Мост на шехиди свечено е отворен Музејот на сеќавање на 15 јули, јавува Anadolu Agency (AA).

На церемонијата на отворање на мзуејот присуствуваше и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој во таа пригода на собраните им рече дека никогаш не смее да се заборави минатото и потсети на изреката на Алија Изетбеговиќ за повторување на заборавен геноцид.

„И затоа не смееме да го заборавиме ниту 15 јули. Како што не може да опстане стебло чии корени се исушиле, исто така не можат да опстанат ниту народите кои имаат слаба врска со минатото”, рече Ердоган.

Музејот на сеќавање на 15 јули отворен е во азискиот дел, на површина од 1.500 метри квадратни.

„Историјата не говори само за претходните настани, туку претставува и компас за иднината. Кога ќе го погледнеме нашето минато, не само да земаме важни лекции, туку и црпиме сила, добиваме храброст и инспирација”, рече турскиот претседател.

Во музејот, на чиј влез се наоѓа пораката „Не заборави” како и имињата на сите шехиди од 15 јули, изложени се експонати кои ќе потсетуваат на шехидите и ранетите во ноќта од обидот за државен удар. Посетителите исто така, во рамките на музејот ќе можат да погледнат податоци за историјатот на државите удари во светот како и за историјата на колонијализмот.

По повод третата годишнина од неуспешниот обид за воен удар, ширум Република Турција одбележан е Денот на демократијата и национално единство. Со различни манифестации фунцкионерите и граѓаните оддадоа почит на шехидите и на граѓаните на Турција кои на 15 јули во 2016 година храбро пружиле отпор и ги спречиле терористите на ФЕТО во обидот да ја соборат легитимната власт во таа земја.

Централниот собир е одржан на истанбулскиот аеродром „Ataturk” каде турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се обрати пред повеќе десетици илјади граѓани. Вечерашниот собир во Истанбул е симболично организиран на аеродромот „Ататурк” на кој турскиот претседател Ердоган слета во ноќта од 15 јули и таму се обрати пред многубројните граѓани.

Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција во ноќта на 15 јули 2016 година. Станува збор за терористичката организација која ја предводи Фетула Ѓулен кој живее во САД, а чие испорачување Турција официјално побара од САД.

Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја држава во која е активна, а на тоа во повеќе наврати укажаа турски официјални функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети се околу 2.200 лица.



. (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: https://www.aa.com.tr/mk/