Во две одделни акции полицајци пронашле хероин и марихуана во гостиварско

во категоријата Македонија

Во две одделни акции на МВР, полицајци пронашле хероин и марихуана во близината на Гостивар. Во првата кај 37-годишен жител на Форино бил пронајден хеорион. Во друга акција, пак, кај двајца албански државјани е пронајден ранец со 2 килограми марихуана.

„Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово- Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, вчера ( 11 јуни ) околу 16 часот и 25 минути, на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар го лишиле од слобода 37-годишниот Џ.А. од гостиварското село Форино.

При преглед кај него пронајден е хероин.По целосното расчистување и документирање на случајот против Џ.А. ќе следува соодветен поднесок.

Вчеравечер ( 11 јуни ) околу 23 часот и 10 минути, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Жировница ги лишиле од слобода албанските државјани  Е.Л.( 18 ) и Е.Ч.( 33 ).При нивен преглед, пронајден и одземен им е ранец со околу 2 килограми марихуана.

Двајцата албански државјани задржани се во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.“, велат од МВР.

Извор: https://tv21.tv/