Во Анкара одбележана 24. годишнина од геноцидот во Сребреница

во категоријата Свет

АНКАРА (АА) – Со собир во главниот турски град Анкара е одбележана 24. годишнина од геноцидот во Сребреница и е оддадена почит на невините жртви, јавува Anadolu Agency (AA).

Одбележувањето на годишнината од геноцидот во сребреница во Паркот „Алија Изетбеговиќ“ во општината Кечиорен, го организираа таа општина и Амбасадата на БиХ во Анкара.

Амбасадорот на БиХ во Анкара, Бакир Садовиќ, истакна дека геноцидот во Сребреница е болен настан за народот во БиХ и за сите муслимани.

Садовиќ изјави дека овој датум е одреден како ден на сеќавање на сите шехиди, и додаде дека жртвите, шехидите и нивните семејства не смеат да бидат заборавени, а дека БиХ мора да биде силна за таквата катастрофа повеќе никогаш да не се повтори.

„Турција работи на изградба на мир меѓу народите во Бих и Балканот. Тогаш Турција да ја имаше денешната сила и лидерство, оваа катастрофа сигурно не би се случила во Босна и Херцеговина“, изјави Садовиќ.

Пратеникот на турскиот Парламент од Анкара, Емрула Ислер, истакна дека геноцидот во Сребреница е варварско злосторство во кое се убиени илјадници муслимани во срцето на Европа и пред очите на целиот свет.

Истакнувајќи дека муслиманските региони се цел на голем број напади, Ислер изјави дека еден од најголемите такви напади се случил пред 24 години во Босна.

„Турција мора да биде силна, бидејќи кога сме силни, на Балканот и на Блискиот Исток ќе има мир“, порача Ислер.

Градоначалникот на општината Кечиорен, Тургут Алтинок, изјави дека турскиот народ во срцето почувствувал голема болка за време на агресијата на БиХ.

„Во Босна, во заштитената зона на ОН, во срцето на Европа и на прагот на 21-от век се случи геноцид и хуманитарна катастрофа“, изјави Алтинок, и додаде дека првиот претседател на Претседателството на БиХ, Алија Изетбеговиќ, имал голема заслуга што денес Бошњаците, Србите и Хрватите живеат во мир.

По обраќањето, присутните положија цвеќе на Споменикот на шехидите од Сребреница.



. (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: https://www.aa.com.tr/mk/