Водовод вели Канализација треба да ги чисти нивните шахти полни со ѓубре од каде Скопје пие вода – дали „метплата“ треба да ги смете шахтите на Водовод?

во категоријата Македонија

Ова е една од главните цевки со кои Скопје се снабдува со вода.

Оваа цевка се наоѓа во шахта која е незаштитена. Нема капак, а во близина има многу отпад. Неколку метри подолу се наоѓа и другата шахта за која известуваше ТВ21. ЈП Водовод и Канализација, реагираа тврдејки дека тоа што ТВ21 го објави не е точно и дека, шахтите и резервоарите кои се во нивна надлежност се заштитени. Откако се договоривме со нив, претсавник на ова јавно претпријатие и новинарска екипа на ТВ21 заедно излегоа на терен.

По сторијата на ТВ21 за двете шахти кои се наоѓаат  во селата Кондово и Свиларе, денеска дојдовме заедно со претставници на ЈП Водовод за да ја видиме нивната состојба.

Директорот на Секторот за експлоатација и одржување при ЈП Водовод и Канализација, ја потврди состојбата на двете шахти. Тој вети дека до крајот на неделата тие ќе бидат исчистени и дека ќе им се стави и капак. 

Ивановиќ изјави дека ваквата состојба не го оштетила квалитетот на водата. Но, во целата ситуација мора да се потенцираат и несовесните жители на овие места, кои што го фрлаат ѓубрето во овие шахти и резервоари. Иако очигледно дека тука се сместени цефките со кои градот добива вода за пиење, сепак несовесните луѓе фрлаат ѓубре во нив.

Инаку, село Свиларе и Кондово се првите места преку кои поминува водата која извира од село Рашче и го снабдува половина  Скопје со вода за пиење.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: https://tv21.tv/