ВМРО-ДПМНЕ: Јанева командува од затвор, а Боки 13 уште не е на распит, СДСМ не сака правна држава!

во категоријата Македонија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку партиско соопштение потсетува дека денеска истекуваат два месеца од притворот на Бојан Јовановски, осомничен во случајот Рекет и оти тој сѐ уште не е повикан на распит.

Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ пишува:

Истекуваат два месеци откако Боки 13 е во притвор, а тој се уште не е повикан на распит. Што знае Боки 13, па Русковска и Заев се плашат од тоа!?

Единствено што ЈО прави е развлекување на истрагата за да биде заборавена во јавноста аферата Рекет.

ЈО молчи и за случајот објавен во медиумите, во кој се вели дека високи функционери на УБК со чувствителни материјали рекетирале бизнисмени. Тоа значи директно и на втора институција, после СЈО во незаконски дејствија.

За сето време Катица Јанева продолжува да командува со имституцијата преку која го вршела кривичното дело. Несвојствено е ЈО за осомничен кој извршил такво дело да не побара одалечување од службата.

Русковска молчи и за наредбите на Јанева од притвор, која ѓу командува на нејзиниот шеф Јовески, а се наоѓа зад решетки заради злоупотреба на службена положба и овластување. Апсурд до апсурд.

Ваков правен систем не постои никаде во светот. Ова не е право, туку циркус.

СДСМ не сака право. СДСМ сака криминалците да останат неказнети. СДСМ нема кредибилитет повеќе. СдСМ мора да си замине.

 

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/