ВМРО-ДПМНЕ: Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, оставки веднаш

1 min read

Антикорупциска утврдила дека Мојсовски и Комисија избрана од Владата, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле буџетот на државата. За ова Наумче Мојсовски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да ја врши функцијата, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Во овој систем за кој одлучувал Мојсовски и владина екипа се вртат една милијарда денари и постои основан сомнеж дека ваквите пари не завршувале кај спортисти и клубови според реални критериуми. Постојат индиции дека под сомнителни околности биле доделувани на фаворизирани федерации и клубови, при што силно влијание на изборот имале поединци, па дури и политички партии. Како тоа вртеле милијарда денари, има сомневање за злоупотреба, а владата на Ковачевски и Ахмети молчат за криминалот. Мојсовски се уште одлучува за пари. Криминалот е принципот на делување и во спортот. Ахмети и Ковачевски се што фатија исушија со криминал и неработа, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, и затоа е потребно оставки веднаш, додаваат од опозициската партија.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

По соборувањето на балонот, Кина им се закани на САД со „неопходен одговор“

Следно

Чудесна тројна одбрана на „Олимпико“: Сите ја видоа топката во голот, освен неверојатниот Викарио (Видео)

Latest from Blog

ФБИ човекот на Еди Рама

Минатиот месец против поранешниот функционер на ФБИ беа покренати федерални обвиненија. Според Министерството за правда, по