Власта и опозиција оптимисти за законот за обвинителство

во категоријата Македонија

Власта и опозицијата се оптимисти дека е можен договор за законот за јавно обвинителство. Работните групи в понеделник повторно ќе седнат на маса во обид да ги усогласат ставовите. Премиерот Зоран Заев е оптимист – вели дека разликите не се непремостливи.с

Новиот закон за јавно обвинителство ги содржи над 80 насто од предлозите на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ. Во предлог-решението има спојување на СЈО со Обвинителството за организиран криминал и тоа обезбедува иднина. Очекувам да се договориме, а пратениците да се изјаснат, бидејќи деновите се изброени. За оваа работа разговараме скоро една година, а останаа само дваесеттина дена за разговори. Искрено, верувам дека заедно со опозицијата, со консензус, ќе ја обездиме поддршката на новиот закон за јавно обвинителство – изјави Зоран Заев премиер на РСМ.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека постои волја да се работи на заеднички прифатливо решение, но поради сите случување со „Рекет“, бараат да се истражи улогата на секој вработен во СЈО.

Работните групи го тераат процесот на преговарање во однос на законотза јавно обвинителство, ние веќе предложивме кои се нашите параметри за новиот закон, кој треба да биде пред се неселективен. Во однос на Спрецијалното јавно обвинителство би можеле само да порачаме да се истажи сечија инволвираност и вмешаност на секој вработен во СЈО за дури потоа да се размислува што со тие луѓе понатаму – рече Димче Арсовски – ВМРО ДПМНЕ.

Во владиниот предлог-закон се предвидува сите вработени во СЈО да преминат во новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција. Опозицијата бара обвинителите од СЈО да се вратат во обвинителствата од кои беа регрутирани. Спикерот Талат Џафери го стави на дневен ред владиниот предлог на пленарната седница закажана за во вторник.

Андреа Чобанова

 

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/