Влада: Усвоена финансиска поддршка за жените од руралните средини

во категоријата Свет

СКОПЈЕ (АА) – Портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, Муамет Хоџа, одржа редовна прес-конференција на која информираше за владините одлуки од 136-та владина седница одржана во вторникот, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот Хоџа информираше дека Владата ја прифатила информацијата во врска со усогласениот текст на Протоколот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Црна Гора за соработка во областа на европските интеграции.

Хоџа, исто така, рече дека е прифатен и предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за основање на културно-информативни центри во Скопје и Тирана, а, како што истакна тој, со цел да се влијае врз развојот на соработката во областа на културата.

Владиниот портпарол, исто така, информираше дека Владата ја изменила Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за периодот 2018-2022 година, што произлезе како предлог на Министерството за земјоделство, Министерството за труд и социјална политика и Одделот на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на позицијата на жените.

„Во насока на поддршка на жените од руралните средини, со измената се предвидува поддршка во вид на неповратна финансиска поддршка во висина од 180 илјади денари за инвестиции коишто ќе придонесат за развој на руралните средини“, рече Хоџа.

Владиниот портпарол, исто така, информираше и за посетата што на 23-24 мај ќе ја реализира владината делегација предводена од премиерот Зоран Заев во Црна Гора, каде што освен средбите со претставниците на највисоките државни институции, Хоџа рече дека е најавено и одржување на заедничка владина седница меѓу владите на Северна Македонија и Црна Гора.



.(AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: https://www.aa.com.tr/mk/