Владата и партиите реагираат за инцидентот во мелбурн

во категоријата Свет

Владата го осуди инцидентот пред конзулатот во Мелбурн при што група македонски иселеници запали грчко, албанско и бугарско знаме и картонска макета од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска. „Ваквите дејствија го нарушуваат имиџот на земјата, на македонскиот народ и на граѓаните на Северна Македонија во очите на демократската јавност. Говорот на омраза е одлика на едно минато и напуштено време на кое мнозинството од граѓаните во земјава и дијаспората се спротивставија и кое е неприфатливо за домашните и глобалните демократски стандарди“ – се вели во реакцијата на Владата. Според Владата, сите кои потпалуваат нетрпение и конфликти треба да одговараат пред надлежните институции, а чинот не е одлика на патриотизам, ниту пак слика за дијаспората. Реакција имаше од албанските политички партии.

Демократска унија за интеграција

„Тоа е подло, нецивилизирано и варварско дело кое заслужува секаква институционална и социјална осуда. Ваквото ксенофобично однесување е неприфатливо и доаѓа како резултат на идентитетската несигурност и страв на извршителите на оваа лудо дело“.

 Алијанса за Албанците

„Не е прв пат одредени македонски групи да ја изразат својата радост или лутина со себеси со тоа што го палат или сквернават албанското национално знаме. Овој потег го покажува ниското ниво на примитивно размислување на една мала група која, иако живее во Австралија, во земја со либерална демократија, заостанува далеку зад светот и не поминала низ никаква едукативна еволуција“.

 Движење Беса

„Бидејќи и демократскиот менталитет на држава како Австралија не успеа да ги еманципира Македонците што живеат таму, тогаш не вреди да се обрне внимание на вандалските акти извршени од луѓе со средновековни карактеристики“.

Повеќето од демонстрантите носеа маски. Настанот се случи по повод 28-годишнината од независноста. Собраните извикуваа „Само Македонија, никогаш Северна“.

  Besian Leka

 

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/