Виталиј Романов ќе му суди на Шкупи, Луксембуржанец на „лавовите“, Словак на „пандевци“….

во категоријата Спорт

Познати се судиите кои ќе им судат на нашите екипи во вторите мечеви од 1. квалификациско коло во Лигата на Европа.

Виталиј Романов од Украина е делегиран за главен судија на реванш средбата меѓу Шкупи и Пјуник. Меч кој се игра во четврток со почеток во 20:30 часот на Арената во Скопје.

На ФФМ играат Македонија ЃП и Алашкерт, мечот започнува во 16:30 часот а ќе го суди Кристофер Пирес од Луксембург.

И во БиХ, во Мостар каде играат Зрински и А. Пандев во меч кој започнува во 19 часот правдата ќе ја дели Ондреј Пехчанец од Словачка.

 

 

Извор: https://sportmedia.mk/