(ВИДЕО) Јункер ќе ѝ ја запалеше косата на првата дама на Руанда

во категоријата Свет

Првиот човек на Европската комисија, Жан Пол Јункер, за време на церемонијата за оддавање почит на жртвите од геноцидот во Руанда, од пред 25 години, во кој се убиени повеќе од 800.000 илјади лица, за малку ќе ѝ ја запалеше косата на сопругата на претседателот на Руанда, Пол Кагаме.

Имено, откако тројцата добија запалени факели, со кои симболично го запалија меморијалниот оган, 64 годишниот Јункер се заврте да ѝ го подаде својот факел на една од членовите на протоколот, но заборави дека претседателот Кагаме и неговата сопруга Жанет се во непосредна близина на огнот…

Ова е само еден од серијата инциденти на политичарот од Луксембург.

Лани во јули, Јункер е снимен како се клати и едвај одржува рамнотежа на самитот на лидерите на НАТО. Присутните лидери мораа да му помогнат да не падне, а шефот на Европската комисија тогаш рече дека не бил пијан, туку дека причината за таквото движење бил ишијас.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/