ВИДЕО: ЦСКА го освои Милано, супер-финиш на Ефес на Канарските острови

во категоријата Спорт од

Турскиот преставник во Евролигата, Анадолу Ефес запиша значајна победа на теренот на Гран Канарија, победувајќи со 90-94. Благодарение на последната четвртина, турскиот вицешампион прокнижи значајни бодови.

Најефикасни поединци во победничкиот табор беа Крунослав Симон со 18 и Василије Мициќ со 17 поени, а кај шпанскиот претставник и победник на последното издание на Еврокупот, се истакнаа Строубери со 19 и Баез со 14 поени.

Гостинска победа запиша и ЦСКА Москва, која во Милано ја победи италијаската Олимпија Милано со 85-90. Најефикасни кај „црвеноармејците“ беа Хигинс со 23 и Де Кол со 18 поени.  

Извор: https://www.gol.mk/