Вчера на социјалните мрежи се појави видео кое ја згрози јавноста бидејќи три лица со автомобил влечеа коњ низ скопските улици.
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека трите лица биле приведени на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје.
– Приведени се С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 233 од КЗ (мачење на животни) сторено на 01.03.2023 околу 13:00 часот на ул. Коце Металец во Скопје , при што измачувале коњ, информираат од МВР.
Видео: Макфакс
ИЗВОР: skopjeinfo.mk