(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Јужна Америка

1 min read

Земјотресот на длабочина од 75 километри се случил во 18 часот и 12 минути по локално време

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на Еквадор. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот на длабочина од 75 километри се случил во 18 часот и 12 минути по локално време.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како луѓето се во паника на улиците.

Се очекуваат можни последователни потреси.

Американскиот систем за предупредување соопшти дека нема опасност од цунами по земјотресот, пренесува Ројтерс.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Златко Далиќ останува селектор на Хрватска до 2026 година

Следно

Ковачевски за Канал 5: Северна Македонија е фактор на стабилност на Балканот

Latest from Blog