(ВИДЕО) Се шират наводни снимки од украински војници во Бахмут, можно е нивно повлекување

1 min read

Украинските сили се задржаа на Бахмут за време на неколкумесечните немилосрдни напади. Се вели дека ситуацијата се влошува и се разговара за тоа дали и кога Украина ќе ги повлече своите војници

Украинско повлекување од Бахмут, централната точка на источниот фронт, е на маса доколку е потребно, но доаѓа засилување, тврди украински воен претставник.

Портпаролот на Источната оперативна команда Серхиј Черевати вели дека „ако треба да се преземе тактичка акција, тоа ќе се направи“, но „се додека командата види дека има смисла да се задржи одредена населба, ќе се бори за неа“, објавија украинските локални медиуми „Киев Индипендент“ и „Нов глас“.

„Се подготвува пристигнувањето на резерви со нова опрема, што ќе го олесни протерувањето на непријателот од нашата земја“,

рече Черевати.

Тој додаде дека украинските војници во Бахмут „херојски го бранат овој дел од фронтот додека го исцрпуваат, крвават и ослабуваат непријателот“.

Украинските сили се задржаа на Бахмут за време на неколкумесечните немилосрдни напади. Се вели дека ситуацијата се влошува и се разговара за тоа дали и кога Украина ќе ги повлече своите војници. Генерал-полковник Олександр Сирски, командант на копнените сили на Украина, претходно оваа недела, изјави дека ситуацијата околу Бахмут е „екстремно напната“.

На социјалните мрежи се шират наводни снимки од украински војници во Бахмут. Тие тврдат дека се опколени и без муниција.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Уапсени троица скопјани кои измачуваа животно среде улица

Следно

ВИДЕО: Хорор во Хонг Конг, гори облакодер од 42 ката

Latest from Blog