(ВИДЕО) Русите тврдат дека украински диверзанти ја минале границата и зеле неколку заложници – Путин го свика Советот за безбедност

2 mins read

На социјалните мрежи се огласија од Рускиот волонтерски корпус. Тврдат дека се одговорни за нападот и дека се на страната на Украинците

Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, денеска ги нарече „класична намерна провокација“ тврдењата на руските власти дека украинска диверзантска група извршила инвазија на руска територија

Руските власти тврдат дека украински диверзанти ја преминале границата и во областа Брјанск во Русија зеле неколку лица како заложници.

„Според прелиминарните информации, неколку лица се земени како заложници во продавница во селото Лубечане“,

изјавил извор за РИА Новости.

Се истражуваат околностите на инцидентот, заложничката криза и идентитетот на напаѓачот, додал тој.

Претходно денеска, гувернерот на регионот Олександр Богомас изјави дека „украинските диверзанти влегле во селото Лубечане и пукале во автомобил, при што убиле еден жител, а едно дете повредиле“.

Во меѓувреме, ФСБ објави дека се преземаат мерки „за неутрализирање на украинските националисти кои се закануваа на државната граница“.

Руските медиуми јавија и дека 50 украински диверзанти ги заробиле жителите на селото Сушани, а се слушаат и експлозии и пукање. Во близина на селото е разнесена трафостаница, велат оттаму.

Исто така, ТАСС јавува дека во областа има мртви и ранети и дека украинските диверзанти кои ги нападнале селата држат шест заложници.

На социјалните мрежи се огласија од Рускиот волонтерски корпус. Тврдат дека се одговорни за нападот и дека се на страната на Украинците.

Рускиот волонтерски корпус (РДК) е единица составена од екстремно десничарски милитанти од Русија кои се борат на украинската страна. Информациите за групата првпат се појавија во август минатата година на Телеграм, кој му припаѓа на добро познат руски претприемач по име Денис „ВајтРекс“ Капустин (Никитин). Самиот Денис Капустин се појавува на видеото со пиштол во рацете.

Путин: Ова е тероризам

Рускиот претседател Владимир Путин денешниот напад во Брјанск го нарече терористички чин.

„Денеска извршија уште еден терористички чин, уште едно злосторство, влегоа на граничната територија и отворија оган врз цивили. Видоа дека е цивилен автомобил, видоа дека таму седат цивили и деца, пукаа во нив“,

рече Путин.

Рускиот претседател свика состанок на Советот за безбедност на Русија за утре.

Украина: Ова е руска провокација

Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, денеска ги нарече „класична намерна провокација“ тврдењата на руските власти дека украинска диверзантска група извршила инвазија на руска територија.

Тој на својот профил на Твитер напиша дека Русија сака да го исплаши сопствениот народ за да го оправда нападот врз друга земја и растечката сиромаштија по една година војна.

„Партизанското движење во Русија станува сè посилно и поагресивно. Плашете се од вашите партизани“,

напиша Подољак.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

(Фото) МВР со детали за починатиот маж пред банка во Аеродром

Следно

Здравковски до Ковачевски: Единствено што прогресира во Република Македонија се мизеријата, криминалот, корупцијата

Latest from Blog

Мицкоски на средба со кинескиот амбасадор: Негирањето на идентитетот и самобитноста на украинскиот народ од руска страна, наликува на бугарското негирање на посебноста и самобитноста на македонскиот јазик

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и меѓународниот секретар