(ВИДЕО) Први снимки од силниот земјотрес во Еквадор: Луѓето панично бегаат, зградите се уриваат

1 min read

Од снимките се гледа како луѓето кои биле во продавниците бегаат од зградата, а полиците се превртени

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди брегот на Еквадор. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓето во паника трчаат по улиците веднаш по силниот земјотрес што го погоди јужноамериканскиот брег.

Од снимките се гледа како луѓето кои биле во продавниците бегаат од зградата, а полиците се превртени.

Се појавија и видеа на кои се гледаат срушени делови од згради и уништени автомобили.

Засега нема официјални информации за материјална штета и повредени.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Мицкоски: Лично ќе се занимавам со тендерот за надзор над „Бехтел и Енка“

Следно

Едно лице загина, а две се повредени во престрелка во хотел во Приштина

Latest from Blog