(ВИДЕО) По разорниот земјотрес, југоистокот на Турција го погодија силни поплави

1 min read

Провинциите, каде живеат 2,7 милиони луѓе, минатиот месец беа погодени од катастрофалниот земјотрес во кој загинаа 48 000 луѓе, а милиони се раселени

Најмалку десет лица загинаа во поројните поплави во провинциите Шанлиурфи и Адијаман во југоисточна Турција, објави денеска новинската агенција Анадолу.

Провинциите, каде живеат 2,7 милиони луѓе, минатиот месец беа погодени од катастрофалниот земјотрес во кој загинаа 48 000 луѓе, а милиони се раселени.

Оттогаш, илјадници луѓе живеат во шатори и контејнери кои беа делумно поплавени.

Како што може да се види од видеата објавени на социјалните мрежи, поројните дождови однеле автомобили и шут, ги поплавиле подрумите на куќите и зградите и ги претвориле патиштата во реки.

Спасувачите со чамци и нуркачи се обидуваат да стигнат до настраданите, соопшти агенцијата за вонредни состојби АФАД.

Во последните 24 часа наврнале повеќе од 100 милиметри дожд на метар квадратен.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Последно за плинските решоа: Ок се

Следно

ВЕЧЕРВА ВНИМАВАЈТЕ ОСОБЕНО ТУКА: Еве каква е состојбата низ патиштата во земјава

Latest from Blog