(ВИДЕО) Поранешната портпаролка на Зеленски објави драматично видео од Бахмут

1 min read

Видеото е снимено од внатрешноста на една зграда и ги прикажува нападите врз градот, експлозиите и огромен облак чад

Поранешната портпаролка на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Јулија Мендел, објави видео на Твитер за кое вели дека е од Бахмут.

Видеото е снимено од внатрешноста на една зграда и ги прикажува нападите врз градот, експлозиите и огромен облак чад.

„Молете се за сите украински бранители во Бахмут“,

напиша Мендел.

Руската армија продолжува со нападите во градот Бахмут, кој стана епицентар на војната во источниот дел на Украина, соопшти украинската војска. Според соопштението објавено вчера, украинската армија во последните 24 часа успешно спречила повеќе од 130 напади од руска страна на повеќе локации, а најмногу во Купјанск, Бахмут и Авдијевка. Генералштабот соопшти дека украинската војска убила 930 руски војници во изминатите 24 часа, но бројот на жртви не може независно да се потврди.

Шефот и основач на паравоената формација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, предупреди дека неговите трупи ќе се повлечат од источниот украински град Бахмут ако Москва не им ја испорача ветената муниција. Со повлекувањето на „Вангер“ од Бахмут, рече тој, позициите на руската војска ќе бидат загрозени.

„Ако ‘Вагнер’ сега се повлече од Бахмут, целиот фронт ќе се урне. Ситуацијата нема да биде убава за сите воени формации што ги штитат руските интереси“,

рече Евгениј Пригожин во видеото објавено викендов, пренесе Ројтерс.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Јанчева: СДСМ поднесува Иницијатива за времено отстапување на Универзална сала на Владата

Следно

Украина ноќеска соборила 13 експлозивни дронови лансирани од Русија

Latest from Blog